По неодамнешната ескалација на ситуација на северот од Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска остварија телефонски разговор на кој, двајцата се согласиле дека продолжувањето на дијалогот помеѓу Приштина и Белград е повеќе од неопходен бидејќи мирот и стабилноста на Косово и Метохија се од круцијална важност, не само за Србија и регионот туку и за сите оние ко и живеат таму, стои во соопштението од кабинетот на Вучиќ.
Во текот на разговорот, Вучиќ ја презентирал позицијата на Србија во однос на моменталната ситуација на Косово, и го запознал Столтенберг со активностите за кои велат дека Приштина ги спроведува за да внесат страв и немир кај граѓаните од српска националност. Воедно, Вучиќ истакнал дека Србија со ниту еден потег не го прекршил Бриселскиот договор, ниту пак резолуцијата 1244, туку напротив се обидуваат да се однесуваат одговорно и сериозно кон решавање на проблемите и отворените прашања за Косово.
„Двајцата соговориници се договорија да продолжат со директна комуникација со цел зачувување на мирот и стабилноста во целиот регион, а претседателот Александар Вучиќ му се заблагодари на генералниот секретар Јенс Столтенберг за коректниот однос и желбата да ја ислуша и српската страна“,
стои во соопштението на кабинетот на српскиот претседател.