ЛДП останува во Владата

Претседателот на ЛДП – Горан Милевски, заедно со потпретседателите Моника Зајкова, Игор Велјановски и генералниот секретар Боби Мојсоски денеска имаа работна средба со новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, генералниот секретар Љупчо Николовски и премиерот Зоран Заев, по што ги договориле програмските политики.

„На средбата ги договоривме програмски политики кои се важни за ЛДП во делот на економија, екологија и изборните реформи. Усвоени се нашите барања кои ќе ги афирмираат нашите либерални политики, а тоа се: заокружување на процесот на децентрализација, отворање на Законот за локална самоуправа, воведување на моделот на една изборна единица, отворени листи за избор на советници, регулацијата на пазарот на криптовалути, измени во законите за градење и урбанистичко планирање со цел стопирање на урбаниот хаос во градските центри и ставање акцент на хуманото живеење и екологијата. Изградба на нова жичарница на Пелистер и развој на зимскиот туризам“ соопштија од ЛДП.