Угледниот американски „Фајненшл тајмс“ објави дека новиот бугарски премиер Кирил Петков дава сигнали дека Софија ќе стави крај на опструкциите за почеток на преговори на Северна Македонија со ЕУ, откако неговата влада ќе стапи на должност.
„Ние сме 100% за политиката на НАТО и ЕУ. Ќе предложиме нов пристап за Северна Македонија и тоа треба да се направи брзо, за краток временски период, не повеќе од шест месеци“ рече Петков во интервју за „Фајненшл тајмс“.
Оттаму коментираат дека пресвртот доаѓа откако Бугарија стави вето на преговорите за пристапување на нејзиниот сосед во ЕУ, минатата година, поради спорови околу историјата и идентитетот.
Петков за економско издание изјави дека новата влада ќе постави нова основа за разговори со Северна Македонија.
– Ќе користиме работни групи со цел да се најдат решенија за прашања како што се заедничката економска активност, инфраструктурата, културата и историјата“ – рече Петков.