Виталиј Кличко – поранешниот професионален украински боксер кој сега е актуелен градоначалникот на Киев испрати повик до меѓународната заедница за поддршка и воена помош за Украина поради, како што тврди, опасноста од руска инвазија.
„Се подготвуваме низ целата земја дека може рускиот претседател Владимир Путин да даде наредба за војна“ напиша Кличко за германски „Билд“.
Тој нагласи дека како војник еднаш веќе се заколнал дека ќе ја брани државата и рекол дека е подготвен да се бори за својата татковина.
Киевскиот градоначалник информира дека организира цивилна заштита, а неговите градски власти веќе започнале со интензивирање на регрутирањето и обуката на резервистите за територијална одбрана.
„Ние сме европска земја на која и е потребна европска поддршка повеќе од кога било“ смета Кличко.