Зоран Заев и Димитар Ковачевски денеска ќе се сретнат со коалициските партнери

Новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски и актуелниот премиер – Зоран Заев денеска ќе одржат средби со претставниците на коалициските партнери кои се дел од парламентарното мнозинство, соопштуваат од партијата.

„Станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалицииските партнери, како и идната соработка во коалицијата“ – информираат од владејачката СДСМ.

До крајот на неделава, според очекувањата, ќе се изврши и официјалното примопредавање на претседателската функција во СДСМ.

Ковачевски ќе го заземе местото на Заев, кој по неуспехот на локалните избори најави оставка и од партиската, но и од премиерската функција.