Реакцијата на опозицијата доаѓа по денешната изјава на Ковачевски во Тетово каде тој порача дека референдумот што го бара ВМРО-ДПМНЕ е само за нивна внатрешно-политичка употреба, како и дека тоа е нерелевантно затоа што единствените кои се против ЕУ со ВМРО-ДПМНЕ се нивниот коалициски партнер Левица која се залага за сојуз со Русија.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот Димитар Ковачевски не нуди рационално објаснување зошто бега од референдум и вели дека на ваков начин тој оди со главата во ѕид.
„И денеска Ковачевски оди со глава во ѕид против народот, без да понуди едно рационално објаснување зошто бега од референдум. Ако е сè како што кажува Ковачевски, тогаш нема причина да се плаши за своите политики. Но очигледно Ковачевски е свесен дека народот е против асимилацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување со него“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозициската партија обвинува дека со бегање од референдум, премиерот покажува дека не му е важен ставот на народот и го множи со нула.
„Тој треба да биде свесен дека со ваквиот однос кон народот тој самиот ќе биде нула и на референдумот и на следните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Реакцијата на опозицијата доаѓа по денешната изјава на Ковачевски во Тетово каде тој порача дека референдумот што го бара ВМРО-ДПМНЕ е само за нивна внатрешно-политичка употреба, како и дека тоа е нерелевантно затоа што единствените кои се против ЕУ со ВМРО-ДПМНЕ се нивниот коалициски партнер Левица која се залага за сојуз со Русија.
„ВМРО-ДПМНЕ е партија која беше против членството во НАТО, сега заедно со нивниот нов коалициски партнер Левица се единствени што се против ЕУ. Тоа јасно го покажаа при гласањето на предлогот од ЕУ во однос на отпочнувањето на преговорите со Република Северна Македонија. Меѓутоа, доминантниот број на пратеници – 68 кои ги претставуваат граѓаните, донесоа одлука РСМ да ги отпочне преговорите. Тој референдум што го зборува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е единствено заради нивна внатрешно-политичка употреба, бидејќи нема политичка партија освен нивниот партнер Левица која е против ЕУ и НАТО и за некаков си централноазиски сојуз со Русија“, рече денеска премиерот.