Коцарев: Постои опасност од демакедонизација

Претседателот на МАНУ и академикот Љупчо Коцарев вели дека неговите ставови не се прифатени од другите академици и тоа го смета за добро. Вели дека ќе продолжи да ги брани македонските ставови.

– Македонија е демократско општество и внатре може да бираме различни опции, а надвор се користи синтагмата единствена алтернатива. Мислам дека ЕУ е нашата најдобра и најпосакувана алтернатива, но не и единствена. Преговорите се уште не се почнати. Откако ќе почнат, тогаш треба да се отвараат сите поглавја, а ги има 35 и ги викаат кластери и тие се привремено отворени. Откако сите ќе се затворат и се потпише договорот за пристапување, тој треба да се ратификува во секое собрание и повторно тоа може да се врати назад. – вели академик Коцарев.

Коцарев смета дека владата манипулира со преговорите и во протоколот се вели дека се уште сме во фаза на отварање на преговорите. Македонизмот го сочинуваат македонскиот јазик и идентитет и било која спогодба во која се негира еден од тие два елементи се на штета на Македонија. Проблемот е како се третира протоколот.

– Го земаат предвид терминот нација. За Грција и Бугарија важи митот за континуитетот од антиката до денес. За нас е констуктивистичкиот пристап. Членот 7, ставот е од Преспанскиот договор јасно прави разлика меѓу термините Македонија и Македонците каде се применува, а за Грција тука стои делот од антиката до денес. Од кај нас тој дел го нема. Ако важи од антика до денес, тогаш сите Словени што живееле на територијата на денешна Грција, не се Македонци. – вели академик Коцарев.

Академикот смета дека терминот Македонија со договорот е резервиран само во делот на денешна Грција. Смета дека политичарите многу не манипулираат преку изјавите. Секаде гледаме ерозија на моралните вредности. Истакнува дека ние треба да станеме во одбрана на македонизмот. Јазикот има просторен и милениумски континуитет.

– Кога зборуваме за јазик тоа претставува просторно-временски јазичен континум и не може да зборуваме за нешто што е само дел од некои просторни рамки. Нациите и државите се формираат во точно определено време и имаат суверенитет врз одредено парче земја, а јазикот тоа го нема. Македонскиот литературен јазик и сите јазици се творби конструирани творби  поврзани со нацијата. – вели академик Коцарев.

Велепредавство може да направат само македонските политичари ЕУ е најпосакувана алтернатива, но не е единствена, вели акададемик Коцарев.

  • Велепредавство може да направат само македонските политичари, само ние можеме тоа одвнатре да го направиме, вели академикот.

Во врска со тоа дали на повидок е поделба на националната академија тој вели дека „не верувам, но ќе видиме во септември“. Тој нагласува дека не се плаши од Бугарија туку не им верува на нашите политички елети.