Колумбија и Венецуела после години прекин ќе ги обноват дипломатските односи.
Владите на двете земји најавија дека ќе назначат свои амбасадори во Венецуела и Колумбија соодветно, и ќе работат на зајакнување на безбедноста долж заедничката граница.
Планот за именување на амбасадорите во заедничка изјава ја најавија министерот за надворешни работи на Венецуела Карлос Фарија и Алваро Лејва по нивната средба во венецуелскиот град Сан Кристобал, кој се наоѓа во близина на границата со Колумбија.
Лејва ќе биде новиот министер за надворешни работи на Колумбија, назначен од колумбиски претседател Густаво Петро кој функцијата ќе ја преземе на 7 август и ќе стане првиот левичарски претседател на Колумбија.
Петро најави дека целосно ќе ја отвори границата со Венецуела долга 2.219 километри.