
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Александар Николоски, како и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски оствари средба со амбасадорот на Европска Унија во Македонија, Дејвид Гир.
– На средбата стана збор за ЕУ интеграциите на Македонија. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги нагласи ставовите кои ги има партијата и граѓаните на Република Македонија, а тоа е достоинствена интеграција со зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, а не понижувачки процес со вклучена асимилација, соопшти прес-службата на партијата.
Мицкоски во текот на средбата укажа дека Владата воопшто не вложува напори за да изнајде решенија како да се пребродат кризите актуелни во Македонија.
Претседателот Мицкоски истакна и дека Македонија оди во многу лоша насока со владата на СДСМ и ДУИ и дека буквално се тоне во кризи. Од катастрофалната состојба излез се само предвремени парламентарни избори, кои треба да се случат што побрзо.