Во Истанбул потпишан Договор за извоз на украинското жито

Русија и Украина денеска потпишаа договор поддржан од Обединети нации, кој треба да овозможи извоз на милиони тони жито од блокираните пристаништа на Црното Море. Со договорот треба да се избегне заканата од катастрофална глобална криза со храна.

За време на церемонијата на потпишување во Истанбул рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков не седеа на иста маса. Шојгу и Кубраков потпишаа два идентични текста со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, на барање на Украина, која одби да парафира каков било документ со Русија. На церемонијата присуствуваше и претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Пред потпишувањето на договорот генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш одржа краток говор.

– Овој договор ќе овозможи извоз на жито од Украина, а ОН ќе работат на обезбедување на неговиот успех. Денеска се појави светлина на надеж во Црно Море, истакна Гутереш.

Тој додаде дека договорот ќе ги стабилизира глобалните цени на храната.

– Благодарам на Русија и Украина што ги надминаа сите разлики и ги оставија настрана нивните несогласувања, со цел да се отвори патот за иницијатива, која ќе им служи на заедничките интереси на целиот свет, посочи Гутереш, додавајќи дека „фокусот беше на она што е најважно за светот“.

Договорот е според планот на Обединети нации за да се деблокира извозот на украинско жито преку Црно Море и да ѝ се дозволи на Русија да извезува жито и вештачко ѓубриво. Тоа би можело да ја намали глобалната криза во храна поради што се зголемија цените на житото и други житни култури.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Клучните точки од договорот се:

Коалиција од турски, украински и персонал на ОН ќе го надгледуваат товарењето на жито на бродовите во украинските пристаништа, кои потоа ќе пловат по однапред дефинирани рути низ Црното Море, кое и понатаму е минирано со руски и украински мини;

Украинските капетани на бродови ќе управуваат со комерцијални бродови натоварени со жито за да се движат низ минирани крајбрежни области користејќи мапа на безбедни канали обезбедена од украинската страна;

Бродовите ќе го преминат Црното Море кон Босфор, внимателно следени од заедничкиот координативен центар во Истанбул, сочинет од претставници на ОН, Украина, Русија и Турција;

Бродовите што пристигнуваат во Украина ќе бидат проверени од истиот координативен центар за да се осигури дека не носат оружје или друга стока што може да се користи во војна;

Русија и Украина се согласија да се воздржат од напад на кој било трговски брод или пристаниште вклучени во иницијативата за жито, додека ОН и турските набљудувачи ќе бидат присутни во украинските