Маричиќ: Патот ни е отворен, треба само да ги спроведуваме нашите обврски

Вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во Брисел вели дека по 17 години, Македонија ги почна преговорите за членство во Унијата и тоа го смета за големо достигнување и дека ќе се одржи и првиот скрининг за почетокот на преговорите и тоа отвара пат за чекор напред.

– Ние издадовме и наша унилатерална декларација и тие декларации немаат никаква важност за целокупното користење на македонскиот јазик во ЕУ, ниту пак за ставот на другите држави-членки. Тоа значи дека Софија изразува свој став како што има изразено и во ОН кога ни бил впишан македонскиот јазик. Ние го изразивме нашиот став и очекуваме тоа прашање понатаму да не се споменува. – вели Маричиќ.

Очекува во наредните денови да го потпишеме догворот за Фронтекс со македонски јазик каде и Бугарија ќе го потпише и вели дека ова прашање е затворено. Не очекува понатаму тоа прашпање да се отвара, зошто имаат јасни обврски од протоколот и договорот. Патот ни е отворен, треба само да ги спроведуваме нашите обврски, вели тој. Истакна дека во иднина, секоја држава членка има право да отвара свои дилеми.

– Дали тоа од страна на Бугарија би било легитимно? Не, зошто преговарачката рамка, заклучоците на Советот на ЕУ и изјавите од двете страни се доволно јасни и прецизни што треба да се прави. Се друго би било злоупотреба. Во минатото била Грција, сега беше Бугарија, но сега не е така лесно некој да се реши на блокада по овој чекор. Со стартот на преговорите влегуваме во друга фаза, во која заедно на маса ќе разговараме за реформите и остварување на задачите кои ќе ни ги даде ЕУ. – вели Маричиќ.

Тоа, вели ќе се дознае во процесот на скринингот и тоа е најдобра гаранција дека нема да има понатаму блокади. Во колку во иднина повторно се постави прашањето за јазикот, идентитетот и културната посебност, тие нема да разговараат за тоа, ниту да преговараат. Вели дека уставните измени кои сега треба да се направат се попроблематични од оние во минатото со Договорот од Преспа. Ова сега е додавање на неколку заедници во нашиот устав.

– Не е ништо ново, ниту поразлилнои сметам дека сите партии и пратеници ќе имаат можност во наредниот период и ќе отвориме дијалог. Убеден сум дека тие мудро ќе одлучат и се надевам дека и опозицијата ќе го разбере овој процес и колку е важно да се обединиме во овој процес. – вели Маричиќ.

На прашањето за можно купување гласови на пратениците, вицепремиерот Маричиќ кажа дека во последните 5 години никогаш немало купување на гласови во нашето Собрание, а тоа што успеале во еден значаен процес да се направи, да убедат определен дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат „за“, во случајот за Договорот од Преспа, било една сериозна задача, којашто требаше да нè внесе во НАТО.

– Пред нас е уште една таква задача, а тоа е продолжување на патот на преговорите со ЕУ, бидејќи веќе ги започнавме. Мислам дека треба секоја политичка партија и секој пратеник да има доволно чувство на одговорност во наредниот период. Ќе има време да се одлучи дали е за патот на ЕУ или е против. Мислам дека е тоа дилемата, не е ништо друго. Содржински уставните измени којшто сега треба да ги направиме се далеку понепроблематични, од тоа што сме правеле во минато со Договорот од Преспа. Ова сега е додавање на уште неколку заедници или групи во нашиот устав што отсекогаш бил наша вредност, ништо ново, ништо поразлично, додаде Маричиќ.