![](https://triling.mk/wp-content/uploads/2022/07/Gas-energetika-750x430.jpg)
Европската Комисија го презентираше својот предлог за штедење на гас во ЕУ и предупреди дека Русија оваа зима би можела целосно да ја затвори славината за гас кон ЕУ.
Европската Комисија ја обвини Русија дека веќе пред почетокот на војната во Украина вршела притисок преку намалување на доставата на гас и со вештачки ја зголемувала цената на енергенсот на светскиот пазар, но уште повеќе е загрижена поради фактот што официјална Москва би можела во текот на оваа зима целосно да го укине извозот на гас кон Европа, и посебно кон ЕУ.
Поради оваа ситуација, Европската Комисија денеска презентираше нов правен инструмент за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто до идната пролет.
Конкретно Европската Комисија бара сите чинители во општеството, поединци, домаќинства, јавна администрација, и индустријата да преземат мерки за штедење, додека Комисијата паралелно забрзување на диверзификацијата на изворите на енергија и заедно набавување на гас, во кое треба да е вклучен и Западниот Балкан.
Со ова ќе им се стави на земјите членки таргет на намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто, но доколку дојде до поголемо влошување на состојбата, Европската Комисија, преку предложената регулатива, и по консултација со земјите членки, би можеле и да наметне задолжително намалување.
За намалувањето на потрошувачката на руски гас, ЕУ се врти и кон други снабдувачи со кои е потпишан Меморандум за разбирање, меѓу нив се Азербејџан и Катар, но и САД.