Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) спроведе анкета во која повеќе од половината анкетирани млади новинари би ја напуштиле професијата ако им се укаже прилика.
Една од причините, според анкетата, е што дури 62% од новинарите на возраст од 18 до 35 години земаат плата пониска од просечната во државата која во септември 2021 година иснесуваше 28.869 денари.
Анкетата е спроведена во октомври 2021 година, а во неа учествувале 150 новинари и медиумски работници, од кои половината биле на возраст од 18 до 35 години.
6% од анкетираните млади новинари одговориле дека земаат помалку од 25.000 денари месечно, а дури 27% од нив одговориле дека се платени помеѓу 15.000 и 20.000 денари.
Доминантен медиум во кој младите работат е телевизијата, безмалку 52% од анкетираните.
Втор по застапеност е интернет просторот, таму работат 40 отсто од младите новинари.
Само 6% од анкетираните работат во радио, а 1% од анкетираните работи во печатен медиум.