Претрес во Управата за финансиска полиција
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми.
Информацијата ја потврди шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
– Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, изјави Русковска.
Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот.