Новиот мандатар во бугарската Влада – Кирил Петков вели дека од добрососедството многу корист ќе имаат и Република Бугарија и Република Северна Македонија. Тоа може и треба да се направи врз основа на заедничко почитување и доверба, потенцира тој.
„Тоа треба да се направи преку добра комуникација со коалициските партнери“ вели Петков.
„Не сакаме да продолжиме само со пароли од двете страни на границата, туку мора да седнеме и да работиме со тимови на различни теми за да се увериме дека преку заедничка работа и комуникација се движиме кон добрососедство“ смета Петков.