Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во објава на Фејсбук напиша дека Бугарија и Северна Македонија го потпишале билатералниот протокол со кој се договориле за конкретните чекори за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.
„Ова е крај на еден тежок процес, на кој работеа владите на двете земји и покрај безбројните внатрешни и надворешни пречки“ – напиша Петков.
Тој додава дека Бугарија заедно со другите земји од ЕУ, ќе продолжи да работи со своите соседи од Албанија и Северна Македонија со цел заедно да го реализираат сонот за европска иднина на регионот на Западен Балкан.