Се запалил автобус полн со патници на пат кон Црна Гора
Синоќа противпожарната единица од Чајетина интервенирала при пожар во автобус полн со патници кој се запалил додека се движеќ во тунелот, а кој се движел од правец на Ужице кон црногорското крајбрежје.
„Пожарот се случил во задниот дел на автобусот, во близина на моторот. Противпожарната служба брзо интервенираше и што е најважно за нас спаси животи и го локализираше пожарот. Во пожарот на возилото е причинета мала материјална штета“ – потврдија за агенцијата РИНА од противпожарната служба.
Патниците кои се наоѓале во автобусот биле брзо евакуирани.
„Се околу нас беше во чад и тешко се дишеше, само ни рекоа дека мораме веднаш да го напуштиме автобусот и што побрзо да излеземе од тунелот. Ги понесовме сите работи со нас, се плашевме огнот да не се прошири. Поминавме непроспиена ноќ чекајќи да се поправи дефектот за безбедно да стигнеме до крајната точка“ – изјавил еден од патниците.
Поради инцидентот што се случи на патот кон Црна Гора, сообраќајот се одвивал бавно, со пренасочување кон алтернативни правци.