Макрон: Македонскиот парламент решително ја избра Европа!

За усвоените заклучоци во македонското Собрание, поврзани со францускиот предлог, за почнување пристапни преговори на земјава со ЕУ, денеска со коментар се јави и претседателот на Франција – Емануел Макрон.

„Со сувереното гласање денес во полза на предлогот даден од Франција на крајот на нејзиното претседателство со Советот на Европската унија, македонскиот парламент уште еднаш прави решителен избор за Европа. Франција ќе застане покрај Северна Македонија за време на првата меѓувладина конференција која ќе отвори историска етапа во нејзиниот процес на пристапување кон Унијата“ – напиша Макрон на Твитер.