Голем број починати од топлотен бран во Шпанија и Португалија
Голем број починати минатите седмици поради топлотниот бран што го погоди Пиринејскиот полуостров.
Најмалку 350 луѓе починале како последица од топлотниот бран во Шпанија, каде температурите надминале над 40 степени Целзиусови, пишува дневниот весник „La Vanguardia“.
Вчера температурите во некои делови на Шпанија се искачија на 45 Целзиусови степени, а 123 лица починале од причини поврзани со екстремните горештини.
Високите температури седмицава го зафатија југот на Европа.
Во Португалија регистрирани се 238 смртни случаи кои им се припишани на екстремните горештини, а не само на коронавирусот, известува новинската агенција „Lusa“.
Властите на Пиринејскиот полуостров ги советуваат граѓаните да консумира повеќе вода и течности, да ги одложат физичките напорни активности и доколку немаат потреба да не ги напуштаат своите домови претпладне или квечерината.