Горан Милевски предлага нов состав за Историската комисија
Лидерот на ЛДП, актуелниот министер за локална самоуправа – Горан Милевски денеска на Фејсбук објаснува дека не е ниту за францускиот предлог, но не е ниту против почетокот на преговорите и предложи „доколку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на Историската комисија и начинот на нејзиниот избор“.
Милевски, смета дека со новиот начин на избор на нејзините членови од страна на Собранието државата ќе биде сигурна дека немало да се „начне македонскиот идентитет“.
„Историската комисија ја избра Владата, а сега кога ќе почнат преговорите со ЕУ, Собранието треба да го има клучниот збор при изборот на историчарите кои треба да бидат `еминентни`“ вели Милевски велејќи дека двете најголеми партии треба да предложат историчари кои тие ги сметаат за „еминентни“.
Според неговиот предлог, во Историската комисија треба да има двајца претставници кои ќе ги делегирала МАНУ, а по еден претставник треба да делегира претседателот на државата, најголемата владејачка партија, најголемата опозициска партија и еден претставник делегиран од најголемата партија на „немнозинското население“.