Мицкоски: СДСМ стана чирак на бугарската кауза, но промена на Устав нема да помине во Собрание, ветувам

„Мислат дека го завршија предавството, ова им е алиби, но ние ќе го врвиме најдолгиот пат. Информацијата која ја усвои Владата на Ковачевски помина во македонското Собрание. Со чувство на гордост сакам да му се заблагодарам на народот кој излезе на улица и беше тврдина на непокорот. Демонстрираше невиден енергија и волја за борба“ рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во воведното обраќање на прес-конференција.

„Илјадници мажи, жени и деца излегоа на улица и кажаа што мислат за предлогот. Народот и покрај жигосување, местенки и притисоци излезе. И ова не е крајот. Туку почетокот на заедничкиот бедем. Договорот таков каков што Владата го усвоила е срам за државата. Ова е комплетирање на предавството на Заев во 2017 година, кое содржи план за бугаризација. Тоа ќе е немирната совест со која ќе трба да живее секој пратеник“ вели Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ смета дека „сега се фокусирани на гола битка за фотелји. Ама народот е тука да ги потсетува на предавството, ќе дојде ден кога ќе одговараат. Се ставија на темната страна на историјата“.

„Каков тежок дебакл и нокаут е ова за дипломатија и тимот на најнеспособните Маричиќ и Ковачевски. Османи одработуваше за други, туѓи интереси. Трајна и длабока лузна за СДСМ која како наследник на комунистите, станува чирак на бугарската кауза. Ништо не е готово, народот не треба да очајува, ќе победиме. Обединети сме. Мора да има избори. Промената на Уставот нема да помине во македонското Собрание, со цел внесување на Бугарите во него, ветувам. Гарант е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Народот може да биде спокоен“ – рече Мицкоски и покажа изјави на 44 пратениците на нотар заверени, изјави дека нема да прифатат промена на Устав.

„Нема отстапување ниту милиметар“ убедува тој.