Социјалдемократската партија во Германија бира ново раководство

Социјалдемократската партија во Германија (СПД) денеска бира ново раководство на партиска конференција.

Според тамошните медиуми, актуелниот лидер на партијата, Саскија Ескен, и генералниот секретар Ларс Клингбејл би требало да станат претседавачи на партијата.

Поранешниот лидер на младинското крило на партијата и заменик-претседател на СПД, Кевин Кухнерт најверојатно ќе биде нов генерален секретар, а претседателот на партијата во покраината Северна Рајна Вестфалија, Томас Кутшати би требало да го преземе заменичкото место на Кухнерт.