Претседателот Пендаровски прими трета бустер доза против ковид-19

Македонскиот Претседател – Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во неговиот Кабинет прими третата бустер доза вакцина против коронавирусот.

„Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите“ напиша Пендаровски на ФБ.

Тој смета дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување од ковид-19.