„Заштитници на Уставот“ во Грција „уапсиле“ директор на средно училиште поради мерките против Ковид-19
Таканаречени „Заштитници на Уставот“ кои се против мерките за заштита од Ковид-19 и против вакцината во Грција утринава предизвикале инцидент во средно училиште во грчкиот град Егинио.
Според тамошните медиуми, тие „го уапсиле“ директорот и го одвеле во полициска станица.
Полицијата привела 11 сторителите.
Човекот во полициска станица раскажал дека рано утрово го пресретнале при пристигнувањето во училиштето. Го нападнале, му ставиле лисици на рацете, насилно го внеле во еден од нивните автомобил и го однеле во полициска станица, со образложение дека го прекршил Уставот со тоа што ги спроведувал мерките за заштита од Ковид-19.