Бројот на жртвите во пукањето во Чикаго се зголеми на 7, осомничениот може да заврши доживотно во затвор

На парадата по повод Денот на независноста во Хајленд Парк во САД според најновиот извештај загинаа седум лица, објави во синоќа „CNN“.

Во понеделникот осомничениот Роберт Кримо вооружениот со пушка отвори оган од покрив на зграда во близина на контролен пункт врз гледачите на традиционалната парада во чест на националниот празник на САД. Притоа, на самото место убил пет лица, а уште две починаа од здобиените повреди во болниците.

Јавниот обвинител на сојузната држава Илионис, Ерик Рајнхард, на прес-конференција соопшти дека против Кримо е подигната обвинение за седум убиства, за што се соочува со доживотен затвор.

Обвинителството во денеска ќе поднесе барање до судот да му одреди притвор на осомничениот без право на кауција.

Претходно беше објавено дека по пукањето во локалните болници биле примени 36 лица со разни рани и повреди, здобиени од огнено оружје или во текот на паничното бегство. Според последните информации, уште 26 лица се згрижени во болниците.

Осомничениот според информациите испукал „повеќе од 70 куршуми“. Кримо легално ја купил пушката од која било пукано. Полицијата соопшти дека тој поседувал и друга пушка, која била пронајдена кога полицијата го запрела во возилото. Во неговата куќа биле пронајдени неколку парчиња оружје.