Ѓукановиќ: Црна Гора е со Македонија, заедно до членство во ЕУ

Мило Ѓукановиќ – претседателот на Црна Гора го поздрави патот на Македонија кон ЕУ.

„Лидерство и храбри одлуки за македонската и нашата заедничка иднина во Европската Унија.
Црна Гора е со вас. Заедно во преговори до членство во европското семејство“ – објави Ѓукановиќ на Твитер, споделувајќи видео од вчерашната посета на земјава од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој дојде да изрази поддршка за францускиот предлог, кој треба да стане новата преговарачка рамка за влез во ЕУ.