Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнасио Касис од 1. Јануари 2022 година ќе биде новиот претседател на земјата. Касис ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател – Ги Пармелин.
Во Швајцарија има правило на ротирачката функција на претседател по една година, а истата ја извршува еден од членовите на Федералниот совет, од седумчлената швајцарска Влада.
Касис е првиот швајцарски претседател во овој век кој доаѓа од регионот Тичино, каде што се зборува италијански. Дипломирал медицина и работел како интернист, а течно зборува германски, француски и италијански јазик.