Повеќе од половината од младите во регионов сакаат да се иселат

Невработеноста, иселувањето и ограничените можности – ова се главните проблеми со кои секој ден се соочуваат младите во регионот. Ова е оценката на регионалниот министерски состанок за млади и образование, што се одржа во Тирана, на кој учествуваа ресорни министри и претставници од Западен Балкан.

На состанокот било речено дека списокот на празнини започнува од невработеноста која потоа влијае на нивното иселување.

„Еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите денес е невработеноста, која како голема последица ја носи емиграцијата. Ни недостига интегритет во институциите на земјата и немаме соодветна демократија. Ова, верувам, се главните последици и главните проблеми кои се соочуваат млади луѓе“ било посочено на средбата.

„Над 52 отсто од младите сакаат да се иселат од регионот на Западен Балкан. Ова е алармантна бројка, но и нов предизвик за актерите кои се нафатија да го трансформираат патот на младите“ – рече секретерот на регионалната канцеларија за младинска соработка – Алберт Хани.