Игнасио Касис – нов претседател на Швајцарија, стапува на должност од 1. јануари

Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Игнасио Касис од 1. Јануари 2022 година ќе биде новиот претседател на земјата. Касис ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател – Ги Пармелин.

Во Швајцарија има правило на ротирачката функција на претседател по една година, а истата ја извршува еден од членовите на Федералниот совет, од седумчлената швајцарска Влада.

Касис е првиот швајцарски претседател во овој век кој доаѓа од регионот Тичино, каде што се зборува италијански. Дипломирал медицина и работел како интернист, а течно зборува германски, француски и италијански јазик.