Мишел: Никогаш не сте биле толку блиску

„Драги македонски граѓани. Никогаш не сте биле толку блиску. Искористете ја оваа шанса. Ја имате нашата почит и лојалност“ – изјави меѓудругото на денешната прес-конференција во Владата претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел.

Тој напомена дека „првата меѓувладина конференција би можела да се организира во следните неколку денови ако предлогот биде прифатен од наша страна“.

„Лично јас сум уверен дека ова е урамнотежено решение коешто се упатува на вашите загрижености и целта е јасна, да се започне со пристапните преговори и конечно да се придвижиме кон градење на нашата заедничка иднина во ЕУ. Ако кажете – да, првата меѓувладина конференција ќе се организира во следните неколку денови“ – рече Мишел.

„Дојдов во Скопје во клучен момент за Македонија и за ЕУ. Ја споделив мојата лична убеденост дека иднината на моите и на сите деца ќе биде посигурна со Западниот Балкан во Унијата.  Решивме да го енеризираме г процесот на проширување  во регионот. Драг Димитар, драги Македонци, само заедно може да се справиме се актуелните предизвици“ – рече Мишел.