Авион летал со голема дупка на трупот 14 часа, од Дубаи до Австралија

Авион „Airbus A-380“ на компанијата „Emirates“ 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија.

Штетата е предизвикана најверојатно од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при прелет над океанот. Авиокомпанијата донела одлука да го продолжи летот – пишува „Daily Mail“.

Тие стапиле во контакт со Контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред слетувањето и пријавиле дека постои можност на авионот да му пукнала гума при полетувањето.

Работниците на итната помош и очевидци биле шокирани од големината на дупката на трупот на авионот.

Тој слетал безбедно и нема повредени патници. Поради дупката на трупот, леталото не е испратено на повратниот лет.