Мицотакис: Сакаме земјите од Запaден Балкан да се најдат во ЕУ

Премиерот на Грција – Кирjакос Мицотакис при обраќањето пред европратениците во Стразбур, нагласи дека меѓу предизвиците кои стојат пред Европската Унија е и проширувањето кон земјите од Западен Балкан.

„Ние не треба да заборавиме на ова проширување. Ова проширување Грција го поддржува и ние сакаме земјите од Запaден Балкан се најдат во Европската Унија“ – рече грчкиот премиер.