Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Александар Николовски денеска гостување во ТВ Сител истакна дека „Македонија е пред сериозна енергетска криза, се наоѓа и во голема политичка криза, а граѓаните се наоѓаат во ситуација да не можат до маркет и пазар да отидат заради цените и немаштијата која се случува во Македонија. Граѓаните чекаат акции и попусти за да си ги купат основните намирници, и се тресат како ќе ги платат поскапите сметки за струја“.
Николоски рече дека утре во Собрание ќе се разговара за продолжување на оваа т.н. енергетска кризна состојба, но јавноста треба да знае дека гасот ќе поскапи трипати, што значи парното 2 до 2 ипол пати, а за електричната енергија, да не ја лажат јавноста, за компаниите е поскапена 4 до 5 пати, а не проценти.
„Фирмите ќе почнат да испуштаат од работа затоа што нема да можат да ги издржат тие цени. Нашиот план е план за помош за граѓаните и компаниите за да не се почувствува ценовниот шок, од струјата и греењето во вредност од 250 милиони евра“ – посочи Николоски.