Мицкоски: Ковачевски нека каже „НЕ“ на предлогот, јас ќе се откажам од предвремени избори

Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по средбата со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски повтори дека ниту за него, ниту за ВМРО-ДПМНЕ францускиот предлог не е прифатлив и нема да го прифатат.

„Му понудив да излезе и да го отфрли ова, а јас да се повлечам од барањето за предвремени избори и од активна блокада во Собранието. Само треба да го отфрли предлогот и да рече НЕ“ – изјави Мицкоски по средбата со Ковачевски.

Идејата, според него, му била да ѝ помогнат на Владата во надминување на предизвиците кои ќе се појават претстојната зима, па на пролет да седнат и да направат реевалуација на актуелната состојба.

Другата работа, како што рече, што му ја понудил е дека ако навистина верува дека е обезбеден идентитетот во делот од заклучоците од првата меѓувладина конференција да се избришат членовите 11 и 14 и две точки од Преговарачката рамка.

„Да повторам само треба да го одбие“ – додава Мицкоски.