И денеска ќе се протестира пред Влада против прифаќањето на францускиот предлог

И денеска во 19 часот пред Владата ќе се одржу протест под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“, против прифаќањето на францускиот предлог.

Синоќа илјадници граѓани синоќа протестираа против прифаќањето на францускиот предлог за тргање на бугарското вето и отворање на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Протестот беше поддржан од повеќе политички партии и граѓански организации.

На протестот се обратија и новинари, универзитетски професори, музичари. Тие ја повикаа Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме“.

Поради францускиот предлог премиерот Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска ќе имаат средба.

Премиерот Димитар Ковачевски најави широки консултации со коалициските партнери, со претседателот на државата, со парламентот, со граѓанскиот сектор, како и со опозицијата.