Прв филозофски фестивал за средношколци

Ученици од десет гимназии ќе учествуваат на првиот филозофски фестивал во земјата наменет за средношколци, кој ќе се одржи во средното училиште „Алгоритам“ во Скопје и е отворен за јавноста.

Ученици од десет гимназии ќе учествуваат на првиот филозофски фестивал во земјата наменет за средношколци, кој ќе се одржи во средното училиште „Алгоритам“ во Скопје и е отворен за јавноста.

Учениците ќе пишуваат и ќе ги претстават своите есеи на тема „Вештачка интелигенција и образование“, преку кои ќе ги изнесат своите ставови за тоа како вештачката интелигенција го менува начинот на кој учат и каква улога треба да има во наставата. Жири-комисија ќе ги оцени есеите, а авторите на трите најдоброоценети ќе бидат наградени.

Организаторка на фестивалот е Магдалена Стојмановиќ-Константинов, професорка по филозофија и логика, а во жирито ќе бидат новинарката Елизабета Дамјановска-Спасеновска, професорката и уметница Наде Молеровиќ и писателот за деца и млади Горјан Петревски.

-Фестивалот им дава простор на средношколците јавно да ги образложат своите ставови за прашања што директно го засегаат нивното образование и да слушнат како за нив размислуваат врсниците од други училишта, соопшти организаторот на настанот.