Шолц до Германците: Мораме да се фатиме за рацете и да се држиме заедно!

Канцеларот на Германија – Олаф Шолц ги повика сонародниците заедно да се соочат со економските проблеми коишто ја потресуваат Германија, особено со инфлацијата и најави дека ќе биде одржан состанок со експерти.

„Мораме да се фатиме за рацете и да се држиме заедно“ – изјави Шолц додавајќи дека растот на цените е голем проблем кој „со право“ мачи многу граѓани.

„И поради тоа мораме да дејствуваме заедно“ – порача тој.

Канцеларот ги повика синдикатите, работодавците, централната банка и академиците да разговараат за тоа што треба да се стори.

Кампањата на германската влада под мотото „Усогласена акција“ започнува во понеделник.