Мицкоски: НЕ за последниот предлог, ќе почекаме ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци

Христијан Мицкоски – претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава пред протест пред Владата посочи – „Не“ за последниот француски предлог.

„Најпрво сакам да ви посакам добредојдовте на овој голем сенароден протест. Овде нема политика, овде има само една партија, тоа е Македонија, и тука се луѓе од сите политички партии, но и оние кои што се неопределени, а кои што изминатото деноноќие дадода голем отпор и на социјалните медиуми јавно, но и во друштво со своите сомисленици.

Она кое што сакам да го порачам дека денеска Македонија се буди и сите оние кои што сакаат со потпис за ден, два од денеска да стават крај на Македонија ова нема да им го заборави македонскиот народ и македонските граѓани.

Нас не ни треба Европа ако треба да се асимилираме. Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец кој што говори на македонски јазик и кој што се бори за својата Македонија и за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство.

Тоа е она кое што сакам денеска да го порачам и тоа го порачуваат овие десетици илјади граѓани за неколку недели од оној грандиозен настан на 18 јуни.

На оние од Владата сакам да им порачам дека не ме интересирам мене пораката на Еди Рама, мене ме интересира пораката на овие илјадници луѓе овде. А тоа е НЕ за последниот предлог. Ќе почекаме ако Европа не е подготвена да не прими нас, цивилизираните Македонци, на цивилизиран и достоинствен начин таму каде што ни е местото, а тоа е во Европа, ќе почекаме кога ќе дојдат луѓе кои што го разбираат она кое што ние денеска сакаме да го кажеме, а тоа е Македонија пред и над се, македонскиот идендитет пред и над се“ рече Мицкоски пред Владата.