
Дамчевска: За Алта банка некои институции или потфрлиле или замижале свесно
➡Јас малку истражував, тие биле во Југословенска банка за извоз, каде што државите имале капитал, и некои записници кои ги најдов уште од таа банка што сѐ уште можеш да ги најдеш на интернет дури до 2015-та, уште фигурира Министерството за финансии на Македонија со 1,74% акции. До 2023-та тие си биле таму. 2023-та, може да се најде тоа, Алта банка Србија стекнува над 90% акции во Југословенската банка, и практично може да си располага, да ги продаде принудно и македонските акции за да расчисти со поранешните југословенски републики, со поранешните сукцесии. ➡ Мене од ова некако ми доаѓа логично објаснувањето на СДСМ - што барал таму државниот правобранител. Меѓутоа ми е нелогично како ваков документ се искористи да се отвори една надзорна расправа. Сега прашање е дали некој ова лошо му го пласираше на премиерот или тој сакаше да направи спин“, изјави Новинарката на Слободен печат Весна Дамчевска, говорејќи околу надзорната расправа за случајот „Алта банка“.➡Сега они се знаеле, си се повика на Закон за банки којшто на крајот на краиштата сите можевме да го прочитаме, и таму се исцитира - дека според тој закон требало и меѓународни платформи за истражување да се вклучат, да нема нешто сомнително, да се испита потеклото на парите зад сопственикот и сопственичката структура, и тој кажа дека ние тоа се го направивме, вклучително добивме документи од Народната банка на Србија и ништо не индицираше на тоа дека ние не треба да дадеме дозвола за влез на таа банка во Македонија. ➡Е сега, како тоа од она прво интервју што го даде веднаш кога се постави административна управа врз Алта банка, како од она интервју што го даде тогаш во коешто изричито и се обрати на колешката од Телма дека он нема потреба да знае кој е, ниту пак знаел кој е, туку важни му биле билансите, сега одеднаш се знаеле и кој е и испитале потекло на имот. Не знам дали тогаш бил груб во однесувањето, дали навистина бил неупатен“, вели Дамчевска.➡Прашана дали гледа потфрлање на безбедносните служби како Агенцијата за разузнавање, Финансовата полиција, Финансиското разузнавање, и како тоа да немале некакви елементарни информации за потеклото на парите, внесот на парите, за тоа дека Мацура во еден период постојано бил на релација Скопје - Белград, Дамчевска вели дека можно е да замижале.➡Јас мислам дека информации имале. Не може сите во Србија да знаат, а они ништо не знаеле. Мислам дека тука некој треба да препраша и да види и преиспита дали станува збор за потфрлање или за замижување, а и едното и другото носи одговорност“, смета Дамчевска.
„Надзорната расправа околу случајот со Алта банка имаше и свои добри страни, објасни некои работи, меѓутоа се фрлија во сенка со онаа почетна дискусија, почетно излагање во својство на сведок на премиерот Христијан Мицкоски. Тој извади еден записник, и вели да видиме еве од кога, уште 2023-та година тогашно СДСМ и ДУИ имале врски, а државниот правобранител бил пратен во Белград за да испита некои акции со Алта банка.
-Јас уште кога го слушнав тоа, она прво новинарски што ми дојде е што зборува сега премиерот – државен правобранител – Алта банка – Србија. Некако многу ми беше неповрзано што сака да каже. Во новинарството ние одма јас ставаме веста, Веста излезе дека излегол документ во кој се покажува дека уште во 2023-та година и СДСМ знаел за Алта банка и нешто правел во Белград. Потоа излезе онаа прес-конференција на Венко Филипче којшто изнесе дека тоа се пари од сукцесија.
Во целото тоа ми е многу невкусно да се извади делче од документ ако е тоа така. Меѓутоа видовме ние еден документ, потоа се сподели и преку МИА, каде што се гледа дека се оди за акции на Министерството за финансии да ги брани интересите на државата околу некои акции на Министерството за финансии. Јас малку истражував, тие биле во Југословенска банка за извоз, каде што државите имале капитал, и некои записници кои ги најдов уште од таа банка што сѐ уште можеш да ги најдеш на интернет дури до 2015-та, уште фигурира Министерството за финансии на Македонија со 1,74% акции. До 2023-та тие си биле таму. 2023-та, може да се најде тоа, Алта банка Србија стекнува над 90% акции во Југословенската банка, и практично може да си располага, да ги продаде принудно и македонските акции за да расчисти со поранешните југословенски републики, со поранешните сукцесии.
-Мене од ова некако ми доаѓа логично објаснувањето на СДСМ – што барал таму државниот правобранител. Меѓутоа ми е нелогично како ваков документ се искористи да се отвори една надзорна расправа. Сега прашање е дали некој ова лошо му го пласираше на премиерот или тој сакаше да направи спин“, изјави Новинарката на Слободен печат Весна Дамчевска, говорејќи околу надзорната расправа за случајот „Алта банка“.

Прашана како гледа на ставот на Централната банка дека немале обврска и не се интересирале кој е сопственик на Алта банка и дали е возможно навистина Централната банка да не знае дека Давор Мацура бил член на надзорниот одбор, Дамчевска вели дека на надзорната расправа, во својство на сведок, сега на Гувернер, ништо од тоа не се спомена.
„Сега они се знаеле, си се повика на Закон за банки којшто на крајот на краиштата сите можевме да го прочитаме, и таму се исцитира – дека според тој закон требало и меѓународни платформи за истражување да се вклучат, да нема нешто сомнително, да се испита потеклото на парите зад сопственикот и сопственичката структура, и тој кажа дека ние тоа се го направивме, вклучително добивме документи од Народната банка на Србија и ништо не индицираше на тоа дека ние не треба да дадеме дозвола за влез на таа банка во Македонија.
-Е сега, како тоа од она прво интервју што го даде веднаш кога се постави административна управа врз Алта банка, како од она интервју што го даде тогаш во коешто изричито и се обрати на колешката од Телма дека он нема потреба да знае кој е, ниту пак знаел кој е, туку важни му биле билансите, сега одеднаш се знаеле и кој е и испитале потекло на имот. Не знам дали тогаш бил груб во однесувањето, дали навистина бил неупатен“, вели Дамчевска.
Прашана дали гледа потфрлање на безбедносните служби како Агенцијата за разузнавање, Финансовата полиција, Финансиското разузнавање, и како тоа да немале некакви елементарни информации за потеклото на парите, внесот на парите, за тоа дека Мацура во еден период постојано бил на релација Скопје – Белград, Дамчевска вели дека можно е да замижале.
„Јас мислам дека информации имале. Не може сите во Србија да знаат, а они ништо не знаеле. Мислам дека тука некој треба да препраша и да види и преиспита дали станува збор за потфрлање или за замижување, а и едното и другото носи одговорност“, смета Дамчевска.

Околу тоа дека аферата „Алта банка“ коинцидира и со најавите дека ќе се носи нов кривичен законик, со кој се предвидува дека сите оние медиуми и новинари кои ќе шират дезинформации поврзани со финансиското и банкарското работење ќе бидат и кривично гонети, па дури и би можеле зад решетки да завршат, Дамчевска смета дека тоа се многу строги одредби, иако во едно ќе се сложам, дека новинарите треба да бидат многу внимателни кога пренесуваат вести од берза и од банка.
„Тие вести можат да донесат многу големи пазарни пореметувања, за некого можат да бидат и големи загуби, можат да доведат до крах на цели банки. Неумесна беше онаа забелешка на гувернерот Славески кој потоа се переше дека го збори тоа за медиумите во Србија, дека они ја донеле тамошна Алта банка во крах.
-Кога прво нивниот тамошен адвокат кога излезе во македонските скриншотови и некое пишување на српски адвокат дека од Алта банка Србија се изнесуваат огромни пари, 50 милиони евра мислам, иако не се спомна Алта, на сите им беше јасно за која банка станува збор, јас лично не сакав да ја пренесам таа информација. Зошто? Затоа што немав докази и внимавав дека тоа моќе да предизвика некакви потреси, од влечење на пари и добедувањ во опасност на банката“, вели Дамчевска.
Говорејќи околу тоа ако му веруваме на Гувернерот дека Алта банка е во стабилна и ликвидна состојба, и во таков случај зошто се инсистира да биде продадена, како и дали е возможно банка да биде продадена за десетина дена, Дамчевска вели дека сите показатели покажуваат ликвидност.
„Независно што сега е во минус, банката има доста капитал, има депозити, половина од тоа и се кредитни пласмани, значи има доста пари. Ако тргнеме од тоа, тогаш банката е добра. Ако тргнете од тоа за што обвинува опозицијата, српските медиуми што го говорат за руски капитал, што патем во моментов е секаде во ЕУ стопиран, тогаш е прашање кој би се расправал со таков капитал. Затоа прашањето за продажба од една страна изгледа дека имаме добра, јака банка, ќе ја продадеме, ама од друга страна има многу прашалници, вели Дамчевска.

Прашана што во случај доколку Мацура рече дека не сака да ги продава неговите акции, Дамчевска вели дека вицегувернерката Ана Митреска тоа многу добро го има објаснето.
„Дента кога Србија ја одзема дозволата за работа, ние во исто време имаме право да ја одземеме дозволата за располагање на акции во Македонија и да му го одземеме правото на глас“.
Дамчевска смета дека македонските политички елити стравуваат што би можел да проговори Мацура.
„Но мислам дека во моментов сме му далечни од фокусот на интересирање, веројатно за среќа на некого овде“, вели Дамчевска.
Целото интервју погледнете го во видеото