
Хрватски Омиш ја доби титулата „Европско божиќно село“ за 2027 година
Во 2027 година, хрватското гратче Омиш ќе ја носи ознаката „Европско божиќно село“ (European Village od Christmas). Меѓународното жири ја избра кандидатурата за „Божиќно село“ сосредоточена на месноста Горњи Долац, близу Омиш – кое има само 11 постојани жители.
Во 2027 година, хрватското гратче Омиш ќе ја носи ознаката „Европско божиќно село“ (European Village od Christmas). Меѓународното жири ја избра кандидатурата за „Божиќно село“ сосредоточена на месноста Горњи Долац, близу Омиш – кое има само 11 постојани жители.
Омиш е историски крајбрежен град и пристаниште во Хрватска, поточно во Сплитско-далматинската Жупанија, на околу 25 километри југоисточно од Сплит. Горњи Долац е негово предградие. Во своето образложение, жирито на платформата „Најдобри божиќни светлости во Европа за 2026“ истакна дека мештаните од семејството Лучиќ ги вклопиле постоечките патеки, камените ѕидни насипи и дрвјата во осветлена целина долга два км. Многу од украсите се рачно изработени од природни или рециклирани материјали, а божиќната традиција во селото вклучува и живи јасли (приказ на раѓањето Христово со живи глумци и учесници). Божиќното село се простира на речиси четири хектари и, според кандидатурата поднесена од Омиш, привлекува околу 70.000 посетители за време на предбожиќната сезона.
Програмата е дополнително збогатена со учество на десетина околни семејни земјоделски стопанства кои подготвуваат традиционални далматински јадења. Истовремено, тн. „клапи“ (традиционални далматински а-капела ансамбли), фолклорните друштва и театарските групи придонесуваат кон музичките и сценските изведби.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 3 декември во Барселона, Шпанија. Покрај Омиш, своите признанија ќе ги добијат и градот Базел (Швајцарија) – избран за „Европска престолнина на Божиќ“, како и Баја Маре (Романија), којшто му е доделена титулата „Европски град на Божиќ“. „Најдобри божиќни светлости во Европа 2026“ е платформа на организацијата „Најдобри европски дестинации“ (European Best Destinations), чии гласачи три години по ред го прогласуваа загрепскиот божиќен Адвент за најдобар празничен базар во Европа.