Компанијата PiKCELL Group го освојува пазарот со македонски соларни панели

PiKCELL Group произведува ФВ производи од ќелија до финален соларен модул. Компанијата ги применува највисоките стандарди, а производствената линија е 80-процентно автоматизирана. Сите суровини се со висок квалитет. Производите имаат 25-годишна гаранција. Повеќе македонски компании веќе произведуваат струја за себе и за пазарот со македонските соларни панели. Во PiKCELL Group очекуваат побарувачката допрва да расте.

Македонија е земја која од сопствено производство задоволува помалку од половина од потрошувачката на електрична енергија. Секоја година се вложуваат многу напори и буџетски средства за да се одржат во кондиција најголемите електроенергетски капацитети. Глобалната енергетска криза годинава го изостри проблемот, а веќе се навестени и драстични поскапувања и на увозната струја и на онаа произведена во домашните електрани.

Ако до вчера зборувавме за зголемен интерес за развој на обновливите извори на енергија, претежно мотивиран од нараснатата свест за потребата од заштита на животната средина, денес веќе тоа е прашање на денот. Интересот за фотоволтаични соларни решенија нагло порасна и откако Владата неодамна создаде услови секој да произведува струја од сонцето и да ја продава во електроенергетскиот систем.

Покрај актуелната енергетска криза, за која е сосема извесно дека ќе потрае, треба да се нагласи она што се зборува со години – Македонија е одлична локација за искористување на сончевите зраци за производство на струја. Она што засега помалку се знае е уште една предност на овој простор.

Во нашата земја постои компанија која веќе неколку години успешно произведува македонски ФВ производи, со конкурентна цена, со гарантиран квалитет, но и со решена логистика, транспорт, складирање и сервисирање за инвеститорите. Нејзините производи можат целосно да ги задоволат потребите на домаќинствата, на големите, на малите и на средните компании, на институциите од јавниот сектор (училишта, спортски објекти, базени, здравствени установи и слично), како и на сите заинтересирани за инвестирање во соларни ФВ централи.

Станува збор за компанијата PiKCELL Group ДОО Скопје. Таа е основана во 2018 година. Тоа е компанија со високо развиена технологија, која се фокусира на развивање и производство на монокристални и поликристални фотоволтаични соларни модули и фотоволтаични термални модули. Зборуваме за прва компанија од овој тип отворена во Македонија и во регионот, која се простира на површина од 4.500 квадратни метри, а нејзиниот годишен капацитет на производство е од 150 до 170 мегавати монокристални и поликристални соларни модули. За споредба, вкупно инсталираниот капацитет на ФВ модули во Македонија засега изнесува скромни 20 мегавати.

Повеќе македонски фирми веќе ги препознаа можностите за намалување на сметките за електрична енергија и фактот дека станува збор за инвестиции со најмал ризик, кои меѓу другото го зголемуваат и корпоративниот имиџ на компаниите. Не случајно PiKCELL Group веќе соработува со компании како „Витаминка“, „Макпрогрес – Винчини“, „Везешари“, „Макс“ од Струмица, „Ларс“ од Штип, „Мебел Ви“, „Треска мебел“, „Свислион“ од Скопје, „Фротирка“ од Делчево, „Дени компани“, „Стоби“ од Велес и други. Сите тие веќе произведуваат струја со квалитетни македонски фотоволтаични панели.

Има многу локални фирми кои монтираат увозни ФВ панели. PiKCELL Group ДОО Скопје не е таква компанија. Таа се занимава со производство од ќелија до финален соларен модул. Компанијата ги применува највисоките стандарди и најновите методи на работа. Производствената линија е 80-процентно автоматизирана, со најнови машини од CNC-технологија.

Компанијата има склучено договори со најдобрите светски производители на соларни ќелии и други суровини и материјали. Сите суровини се со гарантиран квалитет и се тестираат пред да влезат во процесот на производство. Висококвалификуваниот кадар и најпрецизната мерна опрема овозможуваат строга контрола на квалитетот на 10 контролни точки во сите фази на производството.

Тимот на PiKCELL Group го сочинуваат висококвалификувани и тренирани инженери, кои постојано го унапредуваат производствениот процес. Ангажирани се и експерти, консултанти и универзитетски професори, кои помагаат за подобрување и за иновирање на производите. Патем речено, производите на оваа компанија имаат 25-годишна гаранција.

Конечно, треба да се каже дека PiKCELL Group успешно ги има имплементирано и ги применува системите за управување, заштита при работа, заштита на работната околина, со што официјално ги поседува ISO стандардите: ISO 9001-2015, ISO 14001-2015, OHSAS 18001-2018, како и сите други потребни меѓународни сертификати.

PiKCELL Group е успешна и извозно ориентирана компанија, но следејќи ги состојбите на домашниот пазар на енергија, таа сега се повеќе се свртува кон поттикнување на одржливиот економски развој преку континуирано истражување, вложување и производство на соларни фотоволтаични модули и фотоволтаични термални модули за потребите на домашните инвеститори.

– Веруваме во сигурна иднина на растечкото производство на електрична енергија од обновливи извори, а истовремено се грижиме на нашите клиенти и на деловните партнери да им понудиме производи кои ќе придонесат кон одржливо, економично и профитабилно снабдување со електрична енергија – велат во компанијата.

PiK серијата фотоволтаични соларни модули може во целост да ги задоволи потребите на резиденцијалните и на деловните клиенти, како во земјата така и во странство. Компанијата произведува повеќе типови поликристални и монокристални соларни модули. Ова е преглед на модулите што се произведуваат и со кои секој инвеститор може да креира одржливо, штедливо и исплатливо решение за задоволување на сопствените потреби од електрична енергија и за производство на вишоци кои сега регулираниот пазар ги прифаќа.