Савески смета дека Хаџи Василева беспрекорно ќе се справи со предизвиците во ОJO ГОКК

Државниот јавен обвинител – Ненад Савески смета дека новата шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција – Искра Хаџи Василева, успешно ќе се справи со предизвиците што ги носи раководењето со оваа институција.

Тој во гостување на тв 21 истакна дека обврските и задачите на Обвинителството постоеле и пред изборот на Хаџи Василева и тие ќе продолжат и во иднина.

Смета дека клучна улога во функционирањето на Обвинителството има неговиот раководител, особено кога станува збор за создавањето соодветни услови за работа и мотивирањето на јавните обвинители.

„Создавањето услови, мотивацијата кај јавните обвинители и атмосферата во која тие ќе работат зависат од првиот човек. Јас сум сигурен дека обвинителката со тие предизвици ќе се носи беспрекорно“, изјави Савески.