Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска во Даблин изјави дека Европа ќе ја поддржи Украина и за време на војна и во мир, нагласувајќи дека ги поздравува разговорите за прекин на конфликтот што се одржаа во Абу Даби.

По пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ), Фон дер Лајен рече дека е важно европските претставници да учествуваат во разговорите во Абу Даби со цел да се заштитат интересите на Европа, но и затоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски побара нивно учество.

„Тој побара Европејците да го поддржат во овие преговори и ние ќе ја поддржиме Украина, без разлика дали е во период на војна или во мир“, рече фон дер Лајен, пренесе ирскиот јавен сервис РТЕ.