Вреди бара оставка од Ахмети, имал врски со Алта банка
Коалицијата Вреди побара оставка од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, отворајќи прашања за наводни финансиски врски меѓу компании поврзани со неговиот семеен круг и белградската Алта банка. Од Вреди тврдат дека во 2023 година, на предлог на тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими, Владата дала согласност за постапување во врска со продажбата на државните акции во Стопанска банка Битола, која подоцна била купена од Алта банка.

Партијата ја посочува и компанијата „АС Сењак“, за која во јавноста се изнесени тврдења за семејна поврзаност со Ахмети. Според Вреди, компанијата во октомври 2024 година стекнала акции во Стопанска банка Битола, а во 2025 година биле реализирани и други трансакции поврзани со Алта банка, меѓу кои и кредит од пет милиони евра за компанија во која е косопственик.
Од Вреди бараат Јавното обвинителство да ги испита трансакциите и улогата на сите инволвирани лица, а од Ахмети и ДУИ очекуваат одговори за нивните наводни поврзаности со случајот.