Власта го одби амандманот за студентски оброк од 200 денари

Амандманот на СДСМ за зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари дневно не доби поддршка од владејачкото мнозинство во Собранието. Предлогот беше дел од вкупно 124 амандмани поднесени од опозицијата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, од кои, ниту еден не бил прифатен.

Амандманот на СДСМ за зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 200 денари дневно не доби поддршка од владејачкото мнозинство во Собранието. Предлогот беше дел од вкупно 124 амандмани поднесени од опозицијата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година, од кои, ниту еден не бил прифатен.

Со амандманот на СДСМ се бараше издвојување дополнителни 200 милиони денари, односно околу 3,25 милиони евра, за зголемување на дневниот студентски оброк за 60 денари. Тоа би значело зголемување од речиси 43 проценти во однос на сегашниот износ.

Предлогот беше образложен со растот на цените на храната, инфлацијата и сè поголемите трошоци за живот, поради кои сегашните 140 денари стануваат недоволни за покривање на основните потреби на студентите.

Одбивањето на амандманот значи дека студентите засега остануваат со непроменет дневен износ, и покрај барањата за негово усогласување со реалните трошоци за живот.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска ја критикуваше власта поради одбивањето на сите 124 опозициски амандмани за ребалансот на Буџетот. Според него, со ваквата одлука владејачкото мнозинство ги исклучува граѓаните од одлучувањето за трошењето на јавните пари.

„Буџетот на Р. Македонија не е партиска сопственост, иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ така го перципира“, изјави Мециновиќ, обвинувајќи дека политичките интереси се ставаат пред потребите на граѓаните.

Од СДСМ претходно бараа со ребалансот да се обезбедат средства и за зголемување на минималната плата на 36.000 денари, како и за повисок студентски оброк, со образложение дека растот на животните трошоци дополнително го намалува стандардот на граѓаните.

Со одбивањето на амандманот, зголемувањето на студентскиот оброк на 200 денари останува нереализирано, а студентите и понатаму ќе располагаат со 140 денари дневно, во услови на зголемени трошоци за исхрана и студирање.