Папата отслужи миса во Буенос Аирес пред 2,5 милиони верници

На историска миса во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, пред рекордни 2,5 милиони верници, папата Лав XIV денес упати силна порака за одбрана на христијанското семејство и за солидарност со најранливите.

Папата отслужи миса пред многубројни верници собрани околу Споменикот на Шпанците, објави „Ватикан њуз“ (Vatican News).

Илјадници луѓе чекаа во ред уште од раните утрински часови за да бидат меѓу првите што ќе влезат и ќе заземат место пред оградата, поставена на околу 100 метри од бината.