Во септември издадени 19,4 отсто помалку одобренија за градење, предвидена изградба на 919 станови

Бројот на одобренијата за градење во септември 2026 година е намален за 19.4 % во однос на истиот период од претходната година. Речиси две третини од издадените одобренија се за високоградба, а околу една четвртина за реконструкција. За изградба се предвидени 919 станови, од кои најголемиот дел во Скопски и Полошки Регион. По бројот на соби, најголемиот дел, односно 45 проценти се двособни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголемиот дел од вкупно 253 одобренија за градење се во Скопскиот Регион (73), потоа следуваат Полошки Регион (67), Југозападен Регион (25), Источен Регион (23), Пелагониски Регион (20), Југоисточен Регион (19), Вардарски Регион (18) и најмалку во Североисточен Регион (8).

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 527 792 илјади денари, што е за 36.4 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 166 (65.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (10.3 %) за објекти од нискоградба и 61 (24.1 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 253 објекти, на 163 (64.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 90 (35.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 919 станови со вкупна корисна површина од 67 878 м2. Од нив, 7,8% се еднособни, 45% двособни, 30% трособни, 9,6% се 4-собни, 4% се 5-собни, 2,2% се 6-собни, 0,76% се 7-собени и 0,2% се 8 и повеќе собни.