Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000 ученици, најголем пад е забележан на истокот од земјата
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана без 63.918 ученици во основните и во средните училишта, односно за 12,5 отсто од вкупниот број, а најтешко е погодена Вуковарско-сремската жупанија, каде што бројот на ученици е намален за повеќе од една третина.

Пораст на бројот на ученици во овој период бележат единствено Градот Загреб и Истарската жупанија, покажуваат податоците од Училишниот електронски регистар (ШеР) на министерството за наука, образование и млади на Хрватска, јави Хина.
Во Градот Загреб бројот на ученици се зголемил за 2,16 отсто (односно за 2.095 ученици), додека во Истарската жупанија пораснал за 1,87 отсто (за 399 ученици) во споредба со учебната 2013/2014 година.
Податоците покажуваат дека намалувањето е забележано на двете образовни нивоа, при што бројот на момчиња е намален за 12,88 отсто, а на девојчиња за 12,22 отсто.
Сепак, во последните неколку учебни години падот значително забавува. Додека меѓу учебните 2014/2015 и 2015/2016 година бројот на ученици се намалил за 11.992, во последната споредба, меѓу учебните 2025/2026 и 2026/2027 година, намалувањето изнесува 537 ученици.