Управител на станица за технички преглед осомничен за проневера на над 41,5 милиони денари

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Тетово против М.Н., управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила, поради сомнение за продолжено кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Финансиската полиција, пријавениот во периодот од 1 јануари 2022 до 31 декември 2025 година, искористувајќи ги овластувањата на друштвото, противправно присвојувал парични средства наплатени од граѓани и правни лица при регистрација на моторни возила, кои биле наменети за уплата на јавни давачки кон повеќе институции.

На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Од Финансиската полиција информираат и дека, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.