Билјана Кириќ е жртвата во трагедијата кај Богданци, против Виктор Гунтаров претходно имало пријави за насилство

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагичниот настан кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според првичните сознанија на Обвинителството, постојат индиции дека станува збор за убиство и самоубиство, но конечните околности треба да бидат утврдени со истрагата.

Седумнаесетгодишната Билјана Кириќ е девојката која беше пронајдена мртва во трагичниот настан кај Богданци, заедно со 21-годишниот Виктор Гунтаров. Според првичните сознанија на Обвинителството, постојат индиции дека станува збор за убиство и самоубиство, но конечните околности треба да бидат утврдени со истрагата.

На трагедијата ѝ претходеле пријави за насилство и закани кон малолетната девојка. Министерството за внатрешни работи потврди дека на 30 септември Гунтаров бил приведен по пријава дека физички ја нападнал својата девојка во неговиот дом. За случајот бил известен и јавен обвинител.

На 16 октомври, Основното јавно обвинителство Гевгелија добило пријава за загрозување на сигурноста на малолетничката, по што била започната постапка и биле наредени соодветни вештачења.

Во меѓувреме, судот изрекол мерки за заштита од насилство, со кои на 21-годишниот маж му било забрането да ѝ се приближува и да ја вознемирува девојката. Според објавените информации, овие мерки биле во сила и во моментот на трагедијата.

Случајот беше откриен на 3 ноември, кога полицијата добила пријава за опожарен автомобил во месноста Горно Село, кај Богданци. Телото на 21-годишниот маж било пронајдено надвор од возилото, додека во автомобилот било откриено уште едно изгорено тело.

Обвинителството нареди обдукција на телата и обезбедување дополнителни докази, вклучително и снимки од видеонадзор. Иако првичните индиции упатуваат на убиство и самоубиство, надлежните нагласуваат дека сите околности ќе бидат детално испитани.

Трагедијата повторно го отвора прашањето за ефикасноста на институционалната заштита на жртвите на семејно и партнерско насилство, особено во случаи кога претходно биле пријавени закани и физички напади, а биле изречени и судски мерки за заштита.